Фондацијата Елена Лука се приклучува на кампањата против родово насилство

25 ноември 2016

Во рамки на меѓународната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство", Фондацијата Елена Лука ќе спроведе четири работилници на тема „Превенција на родово базирано насилство" со средношколците во четири средни училишта во Штип, Струмица, Битола и Тетово.

Учениците ќе имаат можност да се запознаат со формите на насилството врз жените или родово базираното насилство и содржината на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство.

Земајќи предвид дека целната група се млади луѓе, особено внимание ќе биде посветено на препознавање на насилството во партнерските односи.

Глобалната кампања која се организира секоја година од 25 ноември до 10 декември, има за цел подигнување на јавната свест за феноменот на родово базираното насилство.

Објавено:
25 ноември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
140 пати