Фото: Кога ќе се сретнат рачните изработки и модната уметност...

17 февруари 2020

Во време на брза мода, се повеќе добиваат на вредност рачните изработки, занаетчиството имплементирано во модата, уникатите...

Веќе не е прашање дали пазарот е презаситен, туку како модата да го задржи статусот на уметност и покрај сите предизвици наметнати под пресата на комерцијалните апетити.

Јасно е дека дистинкција секогаш постоела, но сега кога тенденциите стануваат  побезлични, вистинските вљубеници во модата се уште поупорни во потрага по предизвик што ќе ги задоволи нивните високи естетски, но и етички критериуми.

Високата мода е едно ниво – секако тука артистичниот пристап е еден од критерумите, но друго ниво е автентичност во модниот дизајн генерално.

А токму тука наидуваме на исклучителното влијание на рачните изработки како вредносен систем.
Независно дали се работи за деликатни рачни везови, плетенини, рачно ткаени материјали или елементи од различн сфери на различни занаети споени во моден контекст, таквите дизајни со својот статус се издвојуваат и ја создаваат таа толку посакувана слоевитост во индустријата.

Од актуелните колекции наменети за сезоната пролет-лето 2020, издвоивме токму такви парчиња со цел да ги посочиме како пример. Тука ќе наидете на парчиња со потпис на Стела Мекартни, Долче и Габана, Вивиен Вествуд, Диор, Александар Меквин, JW Anderson, Живанши...

Фото: Guardian

Објавено:
17 февруари 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
544 пати