Големи предновогодишни попусти во Елена Лука

6 декември 2018

Празничниот амбиент во модниот бренд Елена Лука е обвиткан во фантастични изненадувања!

Македонската модна куќа ви нуди одлична можност да го надополните вашиот празничен изглед со дизајнерско парче од богатата понуда што до крајот на годината ќе биде со голем предновогодишен попуст до 50%.

Независно дали ќе одберете уникатен подарок за вашите драги личности или едноставно ќе се почестите себеси со парче уметност, во Елена Лука изборот е неодолив.

Топли зимски капути со препознатливата дизајнерска нота на брендот е идеален избор за зимската сезона што ни претстои, а истовремено и префинетите и свечени комбинации во различни стилски верзии, во инспиративен колорит и секогаш надополнети со впечатливи детали.

Во пакетот празнични изненадувања во Елена Лука се и супер попустите во фризерскиот салон што функционира во рамиките на ателјето на брендот во Скопје, каде добивате 50% попуст на фризурите за свечени прилики. 

Додајте стилски печат на празничната магија!

Објавено:
6 декември 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
435 пати