Групна изложба на графити артисти

12 декември 2013

Со поддршка на Автономниот Културно Социјален Центар, од 16-ти до 20-ти декември група македонски графити артисти ќе ги презентираат своите дела на групна изложба.

Истата, публиката ќе има можност да ја види во просториите на АКСЦ кој од неодамна започна да функцинира како урбана неформална иницијатива и алтернативен простор за независна култура.

Графитите како урбана улична уметност целосно се поклопуваат со идеологијата на центарот и токму затоа ова катче за нив ќе биде сосема природна средина.

 

Објавено:
12 декември 2013
Категорија: 
Актуел