H&M ќе шијат облека во Етиопија

22 август 2013

h&m

Познатиот шветски производител на облека H&M најави дека ќе отвора фабрика во Етиопија. Причината е повтината цена на производство. Иако H&M е втора по големина компанија во светот во секторот на производство, сепак се чини следната дестинација за фабрика ќе биде во Африка.

Имено, H&M досега произведуваше облека во Азија. Околу 80 процнти од производството се одвиваше во Кина, Индија, Бангладеш и Југоисточна Азија.

Во периодот од 2004 до 2012 година, платите во Кина се зголемени за 181 процент, а растот продолжува. Трошоците пак во Етиопија се двојно помали, а поради географската поволност, односно блискоста до главните пазари во Европа, и трошоците за транспорт ќе се намалат а роковите за испорака  ќе бидат покуси.

Објавено:
22 август 2013
Категорија: 
Актуел