Хрватскиот бренд за накит Little Wonder на изложба во Њујорк

12 јуни 2014

По одличниот минатогодишен напис во британското издание на магазинот Вог, дизајнерката на накит Селма Штркљевиќ беше повикана да биде дел од изложбата „Complete Parts“ во организација на Драфт Спејс во Њујорк.

Изложбата е дел од серијата курирани изложби од Art x Fashion кои што ги истражуваат креативните колозии помеѓу модата и уметноста, а брендот Little Wonder е одбран помеѓу 49 – те брендови за накит во светот со многу светла иднина.

Во една од водечките галерии во вибрантниот галериски кварт на Lower East Side, галеријата Шин, своите дела ги изложија преку 49 дизајнери од 21 земја, заедно со одличните фотографии на Натали Кон.

Имено, целата изложба е всушност њујоршка промоција на одбрани дизајнери кои доаѓаат од САД, Португалија, Бразил, Канада и делови од Европа.

Концептот на изложбата е синергија помеѓу модата и уметноста така што накитот е претставен на начин што визуелно ги надополнува деловите од телото фотографирани во црно – бела варијанта, кои што дури тогаш, со накитот, стануваат целосни.

Одличната хрватска креативка Селма Штркљевиќ, сопственичка на брендот Little Wonder, на изложбата претстави неверојатни парчиња накит изработени од челик, кристали, бисери и метали под името Dreamcatcher, Wild Child, Calder и Triangle како модели на неколку ѓердани.

За сите оние што можеби ќе се најдат во Њујорк периодов, изложбата трае до 17 – ти месецов.

Објавено:
12 јуни 2014
Категорија: 
Актуел