Инспирација или целосна копија?
•
6 февруари 2014
Во 1956 година Сесил Беатон беше наградена за успешната костимографија за Бродвеј продукцијата на „My Fair Lady“. Две години подоцна таа повторно креираше костими, но овој пат за мјузиклот „Gigi“. Во филмот главната протагонистка доживува неколку трансформации на изгледот од кој највпечатлив е сатенскиот бел фустан со интересни додатоци на рамената во форма на крила.
Истиот фустан само во црна нијанса можеше да се забележи во пролетно/летната колекција за 2014 година на Улијана Сергеенко. Според вас, дали тука се работи за целосна копија или пак само за инспирација?