Интимисими го облече италијанскиот национален ски тим

9 октомври 2013

Недостасуваат само неколку месеци до почетокот, а веќе се дискутира за Зимските олимписки игри во Сочи и за агендата со која организаторите и оваа година ќе се потрудат да ги импресионираат посетителите. За Светското првенство 2014, спортската федерација на италијанските зимски спортови реализираше една интересна соработка со генералниот спонзор, брендот за долна облека Интимисими. Имено младите талентирани спортисти Матео Марсаља, Манфред Моелг и Кристофер Инерхофен беа избрани да позираат за овој бренд со цел да се понуди една поинаква визија за карактерот на спортистите и да се прикаже и нивната модна страна. Тие се талентирани, млади и успешни во она што го работат, ги бранат боите на својата земја, но тие се и мажи кои се грижат за своето тело и сакаат да го истакнат својот сексапил, па затоа облечени само по долна облека  застанаа пред фотообјективот на фотографот Мариано Виванкои и се покажаа како вистински професионалци и во позирање.

 

Погледнете ја галеријата со фотографии од сликањето и видете во каква атмосфера се работеше, а нормално припадничките на понежниот пол нека уживаат гледајќи ги овие згодни момци:

 

Објавено:
9 октомври 2013
Категорија: 
Актуел