Judge Jules на традиционалниот „Love & Happiness” фестивал на Градиште

15 јули 2014

Летово не очекува уште една незаборавна журка која ни ја гарантираат организаторите Summer Beach Club Gradishte и Sun Produciton на традиционалниот летен фестивал „Love & Happiness”, закажан за 26 јули (сабота) со почеток во 22.00 часот.

На големо задоволство на сите љубители на електронската музика, на овогодинешниот Love & Happiness Festival ќе настапи мега популарниот лондонски диџеј, креаторот на најпознатото радио шоу за електронска музика GLOBAL WARM UP, единствениот Judge Jules. На неговиот настап ќе може да уживаме  на  втората плажа на Градиште.

На третата плажа на Градиште, жешката атмосфера ќе биде надополнета со настапот на еден од основоположниците на светската психоделична сцена, легендарниот SPACE TRIBE.

Влезниците за Love & Happiness може да се купат во предпродажба, по супер промотивна цена од 350 денари (потоа 450 денари) во 1/2 Југотон и дистрибутивната мрежа на www.kupikartizase.com.

Објавено:
15 јули 2014
Категорија: 
Актуел