Кајли Џенер е највлијателната личност во светот

22 ноември 2018

Кајли Џенер е највлијателната личност во светот за изминатата година, објави Lyst, една од најпопуларните модни платформи во светот.

Star Magazine

Веднаш зад неа се најде нејзината сестра Ким Кардашијан, за новата омилена војвотка Меган Маркл да дојде на третото место откако го освои светот со нејзината природност и совршен стил.

Daily Mail

Модната платформа за прв пат годинава објави имиња на вкупно 20 влијателни личности во светот, а при тоа го истражи нивното влијание врз социјалниот и културен живот, како и нивната популарност и колку истите се пребарувани по Интернет.

На листата годинава се најдоа и ѕвезди како Карди Би, Бијонсе и Лејди Гага кои доминираат покрај погоре споменатите, додека Серена Вилијам е прва меѓу спортистите на листата.

Годинава за прв пат на листата се најде италијанската блогерка Кјара Ферањи која има повеќе од 15 милиони следбеници на социјалните мрежи, а нејзината популарност се „вивна“ по свадбата со раперот Федез на која промени дури три специјално изработени Диор венчаници.

Daily Mail

Она што е најневеројатно на оваа листа е тоа што Кајли Џенер која се најде на првото место има само 21 година и е една од најмладите, но и најбогати луѓе кои се најдоа на листата благодарение на нејзината козметичка империја.

Daily Mail

Парчињата што таа ги носи се подеднакво популарни и сосема очекувано, веднаш ги снемува од полиците на дизајнерските брендови.

На пример, розовиот фустан што таа го носеше за нејзиниот роденден, ја зголемил претрагата за розови фустани на Интернет за неверојатни 107 проценти во следните 48 часа, а тоа е неверојатен доказ за нејзината популарност.

Vogue

Целата листа можете да ја погледнете на следниов линк.

Извор: Daily Mail

Објавено:
22 ноември 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
507 пати