Кајли Миног: Бракот не е за мене!

4 април 2018

Кајли Миног следниот месец ќе наполни 50 години, а по тој повод одлучи за првпат јавно и отворено да позборува за раскинувањето на свршувачката и како се справува со годините.

Токму затоа и ја прифати понудата на Red Magazine, да ја краси насловната страна на мајското издание.

Освен текстот кој го привлече вниманието и на медиумите и на публиката ширум светот, Кајли покажа дека одлично изгледа и се чувствува и преку фотографиите што го следат.

Пејачката во интервјуто сподели со јавноста дека раскинувањето на свршувачката со 20 години помладиот актер Џошуа Сас во февруари минатата година, ни малку не било лесно.

„Имав мал нервен слом. Морав да се издигнам комплетно и физички и ментално“, признава Миног.

Двојката се сврши во февруари 2016 година, за веќе следната да ја окончаат својата врска засекогаш.

„Не можете да преговарате јасно и внимателно за врската, кога таа тоне. Знам дека ги поместив границите и научив многу за себе. Понекогаш е потребно да излезете од комфорната зона, да ви се случи таква драма, за да ги “размрда“ работите. Сега, кога сум повторно сама, кога повторно се враќам на самата себе и се поврзувам со себе, почесто си ги поставувам прашањата: „Што е она што навистина го сакаш, како стаса до таму, како се чувствуваш, како ќе продолжиш?“. Сега имам доволно драма во животот“, вели Австралијанката.



После сè, вели не планира никогаш да се мажи.

„Никогаш не ни мислев дека ќе се омажам. Со самото тоа што поминав низ „свршувачка“, за мене тоа беше експеримент, бидејќи ниту како девојка, ниту било кога во мојот живот се замислував како мажена жена. Не беше нешто што ми е потребно или го сакав. Моите родители никогаш не ме учеа за „големата идеја за бракот“, па тоа никогаш не ми ни беше цел во животот. Но, си помислив, можеби грешам. Можеби сè погрешно сум разбрала и треба да се обидам. Можеби треба да го направм она што и повеќето луѓе во светот го прават. За нив тоа функционира. Но, сега ќе се задржам на моето прво гледиште. Мислам дека бракот не е за мене“ потенцира Кајли.

За тоа каква е во врска ќе каже:

„Лесно прилагодлива сум. И тоа ми се допаѓа, бидејќи таква ми е и работата. Но, кога е приватниот живот во прашање, таа особина и не е секогаш добро. Сакам да кажам дека, кога сум со некого во врска, се соголувам комплетно“, открива пејачката.

За потсетување, Кајли претходно беше со Оливие Маринез, кој беше до неа кога се бореше со ракот на дојка. Двојката беше во врска од 2003 до 2007. Исто така, беше во врска и со моделот Андрес Валенкосо од 2008 до 2013 година.

На 28-ми мај ќе го прослави 50-тиот роденден. Со оглед на тоа дека започнува и нова декада од животот, не крие дека сега многу поинаку гледа на годините.

„Се сеќавам дека кога бев тинејџер, 50-годишни луѓе ми изгледаа како старци. Но, кога ти си тој што има 50, тогаш е поинаку, а и да си на 50 години сега и во времето кога јас имав 14 години, есосема различно. Па дури и оние во 30-тите изгледаа како стари низ призма на 14—годишно невојче. Мислевме дека не нè разбираа, начинот на кој се облекуваме, или што сакаме да носиме. Но, перцепцијата на работите сега е сосема поинакв“, вели Миног.

Инаку, мајското издание на магазинот „Red“ треба да излезе денес. Меѓу оние што го прочитале интервјуто нешто претходно, во дигитална верзија е и поранешниот партнер Џошуа, барем ако судиме по пораката што ја остави на Инстаграм, а за која многумина веруваат дека ѝ е наменета токму на Кајли.

 

A post shared by Joshua Sasse (@joshuasasse) onApr 2, 2018 at 2:10am PDT

 „Што и да ти се случува, мораш да знеш и да запомниш - НЕ.Е.ЛИЧНО.

Ништо не е. Кога од покривот ти тече, кога ќе изгубиш работа, кога ќе загубиш некој во твојот живот - ништо не е лично. Ти си дел од универзумот, како што бранот е дел од океанот. Не е лично кога речната обала е еродирана или листот паѓа од дрво во сред бура. Тоа е едноставно природата на животот. Не држи се до тоа. Во минутата кога ќе ги пуштиш работите и кога ќе престанеш да имаш контрола над сè, тогаш сè ќе ти се врати и ќе сфатиш дека ништо од тоа не вреди - а тогаш можеш да продолжиш со животот без товарот што си го имал на грбот. Пушти го“.

 

Објавено:
4 април 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
777 пати