Тенкиот и пријатен сатенски слип фустан не си заминува од нашите гардеробери ниту оваа есен.
Неверојатно едноставните, лелеави и неодоливо удобни слип фустани го достигнаа врвот на популарноста во 90-тите години и оттогаш никогаш не излегоа од мода. Едноставниот слип фустан креиран од Нарцисо Родригез е инспириран од долна облека од 1920-тите, а особено беше популаризиран од големите имиња како Винона Рајдер, Кејт Мос и Каролин Бесет-Кенеди.
Слип фустаните веќе неколку години по ред, се омилено парче облека за многумина. Ова лето тие станаа вистински хит, а се чини дека ќе останат актуелни и за време на есенската сезона.
Минималистичкиот крој на ова безвременско елегантно парче му отвора безброј различни можности за стилизирање со соодветни, но и стилски контрастни елементи, зависно од ефектот кој сакате да го постигнете.
Во прилог ви нудиме неколку инспиративни предлози кои ќе ве поттикнат да го пронајдете вашиот омилен начин на стилизирање на слип фустанот како дел од есенски аутфити.
Фото: Pinterest