Камерон Дијаз потпишува своја книга насловена „The Body Book“

16 декември 2013

Познатата актерка Камерон Дијаз го собра своето лично искуство и го сублимираше во водич кој би требало да ве насочи како да живеете поздрав живот, а го наслови  „The Body Book“.  За се за што е пишувано во прирачникот и разработено како тема има своја основа која е поткрепена со факти и е опишана како водич со сеопфатен преглед на човечкото тело и ум.

 

 

„Во текот на нејзината кариера Камерон Дијаз е пример за милиони жени во светот. Со својот искрен пристап и трнливиот пат низ кој поминува секоја една ѕвезда во холивудската индустрија, таа сака до допре до луѓето и да им покаже дека учењето да се постигне своевиден баланс помеѓу исхраната и телото е само еден пример преку кој ќе научат што е тоа што му годи на телото и како правилно да се негува и заштити“, се наведува во официјалното соопштение.

 

 

Книгата е богата со вистински нутриционистички препораки, совети за вежбање и правилни начини за одржување на здравствената состојба, па на моменти потсетува на книгата на нејзината колешка Гвинет Палтроу со наслов „Goop“.

„The Body Book“ ќе биде достапна после 31 декември.

 

 

Објавено:
16 декември 2013
Категорија: 
Актуел