Карл Лагерфелд со нова колекција инспирирана од неговата мачка

25 октомври 2013

 

Карл Лагерфелд дизајнира колекција за модни додатоци, инспирирана од неговата омилена миленичка, познатата мачка Шупет. Колекцијата ќе биде достапна во сите продавници на Лагерфелд од 13 ноември.

 

 

Се работи за монохроматска колекција која вклучува капи на кои има вметнато мачкасти уши, кожени чанти, ракавици, волнени шалови, како и футроли за iPad и iPhone. Цените се движат од 45 евра до 340 евра. Со нетрпение ги очекуваме фотографиите од најновите аксесоари со потписот на Лагерфелд и неговата мачка како „личен асистент“.

 

 

Објавено:
25 октомври 2013
Категорија: 
Актуел