Карли Клос му кажа „да“ на нејзиното момче

25 јули 2018

Познатата манекенка Карли Клос на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија со нејзиното момче со која ги извести нејзините обожаватели дека тој ја побарал за жена.

Под фотографијата напиша и прекрана порака:

„Те сакам повеќе од што можам да опишам со зборови. Џош, ти си мојот најдобар пријател и моја сродна душа. Едвај чекам да го поминеме заедно остатокот од животот. Милион пати „да“, напиша манекенката.

Нешто подоцна, на социјалната мрежа таа го покажа и прекрасниот прстен со кој нејзиното момче Џошуа Кушнер ја побарал за жена.

„Мобилниот телефон ќе ми „експлодира“ од слатките пораки што ги добивам од моите сакани. Мојот шминкер ќе ме „убие“, на шега напиша таа.

За разлика од манекенката, нејзиното момче ја објави свршувачката со фотографија од Карли под која едноставно напиша: „Свршеничка“.

Нејзините пријатели, меѓу кои и Серена Вилијамс, принцезата Јуџини и Иванка Трамп први и честитаа за свршувачката на социјалните мрежи.

Инаку, нејзиното момче е брат на сопругот на Иванка Трамп и познат бизнисмен, а двојката е во врска веќе шест години.

Објавено:
25 јули 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
688 пати