Кејт Мос се глуми себеси

9 декември 2014

Конечно се објавени и првите фотографии од адаптацијата на Би – Би – Си на книгата на Дејвид Вилијамс, „The Boy In The Dress“, во која главната улога и припадна на шармантната Кејт Мос.

Во кратката драма, Кејт Мос се глуми себеси како топ – модел кој го остварува сонот на едно младо момче кое и се придружува на едно фото – снимање, а во филмот го глуми младиот Били Кенеди. На првите фотографии, таа се појавува во прекрасна асиметрична црвена тоалета од ресорт колекцијата на Вивиен Вествуд.

Во книгата на Вилијамс од 2008 – та година, се раскажува приказна за 12 – годишно момче кое сака да се облекува како девојче и многу набрзо го фасцинира модниот свет.

„Во филмот има неверојатно добра екипа, но Кејт Мос е шлагот на јаготката“, изјави Вилијамс.

Како што и се очекуваше, тимот зад камерите бил одушевен од самата појава на Кејт Мос и од тоа колку таа била природна.

„Таа беше неверојатно расположена на денот на снимањето, дојде со нејзиниот агент и беше вистинско остварување на сонот да се работи со неа. Таа буквално ги шармираше сите, особено нашата мала ѕвезда Били Кенеди. Снимавме околу пет часа и се надевам дека многу наскоро ќе се повтори ова одлично искуство“, велат од тимот што стои зад филмот.

Краткиот филм „The Boy In The Dress“ во кој исто така глумат и Џенифер Сандерс, Тим Меклинерни, Мира Сиал и Џејмс Бакли, ќе биде премиерно прикажан на Би – Би – Си ден после католичкиот Божиќ, односно на 26- ти декември.

Објавено:
9 декември 2014
Категорија: 
Актуел