Келвин Клајн има три нови заштитни лица за машка долна облека

16 декември 2013

Една од најпознатите модни куќи Келвин Клајн, чиј основач е американскиот дизајнер Келвин Ричард Клајн, кој на 19 ноември го прослави својот седумдесет и први роденден, познат е по креирањето на квалитетна долна облека за мажи кои знаат што сакаат.

 

Еротско и секси, во новата кампања за машка долна облека се ангажирани тројца познати актери: Келан Лук, Марк Волберг и Џејми Доран, кои ги мамат погледите на припадничките на понежниот пол. Поради провокативните пози, преку кои ги претставуваат новите модели на боксерици, Келан, Марк и Џејми никого не оставаат рамнодушен.

Објавено:
16 декември 2013
Категорија: 
Актуел