Кери и Ѕверката повторно заедно!
•
4 август 2021
Многу се коментираше околу тоа дали Ѕверката ќе се појави во продолжението на „Сексот и градот“ или не.
Првите фотографии се појавија и Сара Џесика Паркер и Крис Нот повторно ги гледаме како телевизиска двојка, на многумина омилена.
На сетот Ѕверката носи класично одело, онака како што и секогаш сме навикнале да го гледаме, додека пак Кери се појави во интересен стајлинг - здолниште на точки од Каролина Ерера, црно боди, впечатлив украс за глава и уште повпечатлива чанта, рачно насликан винтиџ модел зад кој се потпишува Ребека Мосес.
Погледнете како изгледаа: