Иако до Нова Година има повеќе од два месеци, новогодишната елка на Долче и Габана предвреме ќе внесе неверојатен празничен дух!
Фантастичното дуо Стефано Габана и Доменико Долче по вторпат ќе ја дизајнираат фамозната новогодишна елка која ќе биде сместена во еден од најубавите и најпознати лондонски хотели – Claridge.
„Новогодишните и божиќните празници се најсреќното време од годината за децата и возрасните, па токму поради тоа, ние сакавме да ги прославиме тие денови со прекрасно дрво што ќе го украсиме со фантастични украси од сите краеви на светот“, изјавија Стефано и Доменико.
Тие посочија дека се фасцинирани од идејата токму на тој начин да се украси дрвото што ќе се постави на место каде доаѓаат луѓе од најразлични делови од светот.
Како што тие посочија, нивната инспирација доаѓа од магичните шуми во кои реалното се сретнува со фантазијата, токму како што се случува и ноќта пред Божиќ.
Долче и Габана не се единствените кои оваа година ќе дизајнираат новогодишно дрво за лондонскиот хотел. Претходно, тоа одлично го сработија дизајнерите како Џон Галијано и Албер Елбаз од Ланван.