Најновото издание на „Вог Австралија“ го краси Марго Роби. И не е некое изненадување ако се земе предвид дека е Австралијка и уште повеќе, дека е актуелна со филмот на Квентин Тарантино „Беше еднаш во Холивуд“.
За да биде септемврискиот број уште поспектакуларен, токму режисерот е во улога на новинар и тој ја интервјуира актерката.
Во разговорот тие се навраќаат на почетоците, ангажманите со кои Марго всушност и се пробива во Холивуд.
КТ: Не знам за тебе, но за мене, моментот кога можев комотно да живеам како писател (сценарист во Холивуд“ беше: „О Боже, ова е остварување на сонот!“.
МР: Дефинитивно и јас имав таков момент. Мислев дека ангажманот во „Соседи“ (австралиска тв серија) е најголемото нешто што некогаш ќе ми се случи. Се сеќавам дека погледав наоколу во зелената соба во која имаше 30 актери и во првите неколку недели ги прашував сите дали имаат и друга работа, а тие ми одговараа : „Ова е единствената работа што ја имам“. А јас бев во стилот: „Ама имате деца, нели? Можете да ги школувате и да си купите куќа само од актерство?“. Тоа беше клучниот момент кога сфатив дека можам да заработувам од тоа. После неколку месеци во „Соседство“, посведочив дека неколку членови од актерската екипа по завршувањето на договорот направија транзит во Лос Анџелес. Си мислев: „Ок, сега морам да ги поставам работите и имам три опции. Една - да бидам отпуштена бидејќи не сум доволно добра. Втора - доволно сум добра и да останам во „Соседи“ 20 години и да имам неверојатен живот. Или трета - да ризикувам и да направам „скок“ до Америка и да си ја пробам среќата во Холивуд. Така, после шест месеци ја донесов одлуката и почнав да штедам пари и да го учам американскиот дијалект. Ти ме запозна со австралиски акцент, но во тоа време тој беше многу многу поизразен“. Дури и во „Соседи“ вработија човек со кој работен на дијалектот и кој успеа да направи да звучам помалку „австралиски“. Сето тоа беше процес на моето преселување во Америка. Пред идејата да бидам во Холивуд, мислев дека мора да си роден или мора да знаеш некој во индустријата за да успееш. Потоа се случи „Pan Am“ и тоа беше првото мое големо шоу во Холивуд и воопшто прво на кое сум се пријавила“.
Во интервјуто се осврнаа и на нивната меѓусебна соработка и новиот филм на Тарантино.
КТ: Морам да го најдам вистинскиот начин да го поставам ова прашање, а да не изгледа како да изнудувам комплимент - долго време го пишував сценариото за „Беше еднаш во Холивуд“. И бев при крај да го завршам и размислував како луд кој би можел да биде Клиф, а кој Рик (улоги кои им припаднаа на Пит и Дикаприо), но не размислував за тоа кој ќе ја игра Шерон, бидејќи не постоеше втор избор - тоа беше ти. Ти сосема можеш да се носиш во овој триаголник. Оваа година ти „експлодираше“ и беше најпопуларната актерка во градот. На две недели пред да го завршам сценариото, добив писмо од тебе и си помислив: „Што?!“. Во еден момент размислувам за тебе, а веќе во друг добивам писмо од тебе, во кое ти велиш дека си фан на мојата работа долго време (ти и твоето семејство) и велиш „Доколку постои нешто за што би сакале да ме ангажирате, ве молам јавете ми“. Тоа беше блиску до романтично, а начинот на кој писмото беше напишано беше супер! Беше токму тоа што сакав да го слушнам. Не можев да си поверувам за случајноста. За неполна недела, се видовме и разговаравме. Што те поттикна да го напишеш писмото?
МР: „Со години сакав да го напишам писмото. Бидејќи слушнав дека ќе правиш 10 филмови, не можев да ја скротам мислата дека ќе го пропуштам возот и никогаш нема да видам како изгледа сет на еден твој филм. Морав да сфатам на кој начин можам да бидам дел од сетот, па макар само да ја држам вратата зад сцената :). Но, во исто време, не бев подготвена да го барам Квентин Тарантино и да му кажам: „Здраво, моето име е Марго и може ли да дојдам на еден од Вашите сетови?“. Знаев дека не сум во позиција за тоа се уште и секој пат кога нешто возбудливо ќе се случеше во мојата кариера ме буткаше нанапред до мојата цел. Но, не беше време сè додека не се случи „Јас, Тоња“ и си помислив: „Сега сум задоволна со мојата глума. Чувствувам дека стасав до моментот кога на луѓето ќе им покажам што можам да направам како актерка. Сега сум подготвена да разговарам со Квентин Тарантино и да му напишам писмо“. Се сеќавам дека секоја вечер бев во агонија - лист харија, пенкало, како ќе го напишам - големо, мало... Потоа, секако, мислев дека можеби нема ни да го добиеш писмото, па треба да престанам толку да паничам и потоа конечно го напишав и се молев некако да го добиеш - и се случи. Неколку недели подоцна се сеќавам дека добив телефонски повик: „Квентин го доби твоето писмо и навистина би сакал да те запознае“. Сакав да останам мирна, но кога седнавме, се сеќавам нарача ладен чај со засладувач, се чувствував како да сум на највозбудливиот состанок што некогаш во мојот живот ќе се случи. Се сеќавам ме праша: „Знаеш ли која е Шерон Тејт“, а јас одговорв „Да, знам“, затоа што, смешно но, откако се преселив во Лос Анџелес, друг австралиски актер, Рис Вејкфилд, имаше обичај да вози до „Сиело Драјв“ (местото каде се случува убиството) и ја читаше „Helter Skelter“ (книгата за убиствата) на глас.
Инаку, освен интервјуто, за септемврискиот број е направена и ексклузивна фото-сесија, зад која се потпишува Марио Соренти.
Сепак дел од фотографиите предизвикаа внимание поради нозете на Марго, кои се преслаби. Дали се работи за лош фотошоп или Марго навистина е многу слаба, останува дилема.