Кога трендовите стануваат предмети на исмејување

8 септември 2013

 

Новите генерации на смарт телефоните, покрај другото, го наметнаа и трендот на самофотографирање и објавување на фотографиите на друштвените мрежи. Од друга страна пак, апликациите како Инстаграм ни помагаат некои моменти од нашиот живот да ги претставиме на креативен начин, меѓутоа како што се случува со повеќето трендови, добар дел од нив се претвораат во клише.

 

Hot-dog legs Hot-dog legs

 

Hot-dog legs

Ова е еден од тие трендови кој се претвори во свевиден феномен наречен „Hot-dog legs“. Многу девојки одлучуваат по пат на своето виртуелно опкружување да ги споделат најубавите моменти од нивниот годишен одмор, а со тоа да покажат и дел од нивното тело, во случајов нозете кои им се совршено потемнети и со бронзен сјај.

Ова за кратко време се претвори во масовен тренд, која на веб страната Tumbrl.com резултираше со духовити коментари и реакции. На нозете со помош на фотошоп им се додавани сенф, кечап и мајонез, за да сличноста со хот дог сендвичот биде уште повпечатлива.

 

Фаца со испрчена усна Фаца со испрчена усна

 

Фаца со испрчена усна

За неколку стотици години антрополозите ќе имаат полни раце работа да откријат како дошло воопшто до ова, да луѓето почнат масовно да позираат на ваков смешен начин.

Веројатно заради желбата да изгледаат сензуално девојките почнале да ги прчат своите усни, но напорот и навиката која се создава притоа е толку силна што кај некои преминува во фацијален грч. Веќе искрено не е ниту секси, ниту слатко, а на духовитите критичари кои ги коментираат ваквите социјални феномени, ова им послужи како уште еден од многуте начини за да се шегуваат, па на девојките кои се сликале со напрчени усни им монтирале шпагети, за да нивните зачудени ликови добијат некаква логична причина зошто се со таква експресија.

 

Сам свој мајстор Сам свој мајстор

 

Сам свој мајстор

Се сеќавате ли на таканаречените фотографии „пред излегување во град“ кога некој наш фамилијарен член или пријател ќе не фотографира  пред да излеземе во град, кога сме комплетно  дотерани средени и најчесто во ходникот пред вратата?

Среќа што се ослободивме од таквото конзервативно однесување, благодарение на спојот на смарт телефоните со огледалата. Каде и да има огледало, веднаш се прави фотографија, а најчесто ги има во спалните соби, па така на социјалните мрежи добиваме извештај од најинтимното катче на секој корисник. И не само спалната овој феномен се прошири насекаде по собите во живеалиштата, тоалетите, кујните, па излезе и надвор од домовите во гардеробите и продавниците, улиците ... Вистина е дека голем дел од овие фотографии спаѓаат во групата на вистински „ремек дела“, меѓутоа се пофреквентни се и пародиите особено на тинејџерките кои го обожаваат  Hello Kitty и таквиот тип на ликови, мотиви и сл. Списокот на фотографии, направени на различни локации и невообичаени пози наиде на потсмев, со секоја чест на исклучоците, но еве ви и еден мал совет пред да се фотографирате гледајте барем секогаш да ви е средена собата и доколку се сликате голи и со долена облека внимавајте каде го оставате телефонот. На крај на краиштата убавите моменти поминати со драги луѓе не се нешто со кое треба да се фалите и да постирате детали на вашите социјални профили. Некогаш некои моменти треба себично да ги заклучите во срцето и душата, бидејќи тие се ваши, зошто верувајте на половина од тие што ќе го видат вашиот среќен миг не ги интересира, другата половина глуми лудило, а третата половина ништо не и е јасно!

 

 

 

Објавено:
8 септември 2013
Категорија: 
Актуел