Ако успеавте годинава сепак да фатите малку боичка, одморајќи се на планина или некаде низ нашата убава земја, тогаш овој текст може да ви биде интересен.
View this post on Instagram
Факт е дека речиси сите кога ќе се вратат од одмор сакаат да носат облека која дополнително ќе им го истакне исончаниот тен.
Белата е проверен и сигурен избор. Но, покрај неа има уште две бои (и нивни нијанси) кои ќе ви се вклопат во замислата за впечатлив летен изглед, а ви ги откриваме во продолжение:
Зелена
Оваа боја е супер избор и за истакнување на тукушто исончаниот тен, но и за освежување на оној кој почнал да бледее. Најдобра нијанса е минт-зелената, актуелна оваа сезона и една од омилените летни нијанси. Покрај неа, одличен избор се и нијанса на киви сладолед, како и смарагдно зелена. Можете да одберете фустан во посочените нијанси или пак долга кошула во комбинација со шорц или ленени панталони.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Жолта
Во зависност од тоа каква естетика преферирате, бирајте ја и нијансата на жолта. Ако сакате нежен и софистициран изглед, тогаш парчиња во нијанса на лимон (пастелни и тие малку поинтензивни) ќе ви помогнат да го постигнете саканиот ефект. Оние пак што не стравуваат од боја, можат да ја одберат интензивно жолтата. Сенф нијансата е совршена за вечерен летен стајлинг.
Кафтан во некоја од овие нијанси или сафари фустан може да изгледа одлично. А доколку жолтата ви е премногу смела, секогаш можете да одберете друга, а да вметнете детали од оваа боја, секако ќе ви помогне да го истакнете тенот.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Уште подобро е што овие нијанси се комплементарни меѓу себе, па можете лесно да ги комбинирате.
И уште неколку примери:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram