Кендал Џенер, Кара Делевињ, Клое Моретз, Лана Дел Реј, Џесика Алба, Кејт Босфорт, Кејт Аптон, Оливија Вајлд, Кристијано Роналдо, се само мал дел од славните личности кои се најдоа на насловните страни од септемвриските изданија на реноминарите модни магазни како Ел, Вог, Харперс Базар, Гламур, Космополитен и други. За сите Вие што пактикувате да ги имате последните странски информации и интервјуа, напишани и овековечени на хартија, а притоа уживате во нејзиниот мирис додека ги разлистувате страниците меѓу прстите, сигурно сакате да дознаете што е подготвено за претстојниот месец септември.
Секој од славните личности поради својата тековна актуелност заслужено доби насловна страна, а дефинитивно младата тинејџерка Кендал Џенер го држи врвот со две насловни за тинејџерските изданија на престижниот Вог.
Дека нејзиното време допрва доаѓа потврдуваат ангажманите од Живанши и Марк Џејкобс, но секако голема улога игра и нејзиното популарно семејство. Мегу поголемиот број жени, на насловна се најде и фудбалерот Кристијано Роналдо и тоа за магазинот „Man Health“. Роналдо пак, е актуелен со својот нов глобален фото проект за втората колекција на долна облека од ново создадениот бренд. Во продолжение погледнете која поза ја заземаа за на насловна.