Кој ќе биде дел од новиот „Пирели“ календар?

10 август 2021

После една година пауза, повторно ќе ја следиме приказната околу „Пирели“ календарот. Тој постои уште од 1964 година, а познат е по атрактивните фотографии од модели. Секоја година се печати во 20.000 примероци, а називот е благодарение на италијанската компанија „Пирели“ која го спонзорира.

Сепак, од пред неколку години секси фотографиите беа заменети со најчесто портретни, а во улога на модели се најдоа жени од различни професии. Почна да се слави убавината на различноста.

За „Пирели“ досега фотографирале Питер Линдберг, Ени Лебовиц, Марио Соренти, Карл Лагерфелд, Тери Ричардс и многу други, а на листата се впишува и Брајан Адамс, кој е задолжен за најновото издание. 

И таа информација досега беше единствената споделена во јавноста.

Но, од неодамна излегоа и некои нови детали за најновото издание.

Па така, дел од имињата што ќе се најдат во најновиот календар се Шер, Нормани и рок музичарот Иги Поп, како и Џенифер Хадсон, Рита Ора...

Исто така, „Пирели 2022“ ќе биде на некој начин љубовно писмо на Адамс за музичките турнеи, кои го сочинуваат најголемиот дел од неговата кариера долга преку четири децении. 

Сакајќи да го забележи единственото искуство кое секоја турнеја го носи со себе, фотографирал на локации помеѓу Лос Анџелес и островот Капри во јужна Италија, а секој од музичарите е фотографиран на различен начин, во некој од своите ритуали или навики за време на турнеја.

Минатата година, „Пирели“ одлучи наместо календар, парите во износ од 100.000 долари, да ги донира во хуманитарни цели, односно борба против пандемијата 

 

Објавено:
10 август 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
133 пати