Во Нокиа Театарот во Лос Анџелес вчера вечер се одржаа Американските музички награди. Сето внимание беше свртено накај познатите ѕвезди, нивниот моден избор на црвениот килим, а секако и кон нивните настапи.
Така, вечерта беше исполнета со различни вкусови и музички и модни. Од екстравагантност до елеганција, од провокација до умереност.
Покрај добрата забава, дел од изведувачите и музичарите добија и награди.
Комплетната листа на наградени можете да ја погледнете во продолжение, како и модниот избор. Какви се вашите впечатоци?
Артист на годината - Тејлор Сфивт
Музичка икона - Ријана
Нов артист на годината - Аријана Гранде
Песна на годината - Florida Georgia Line Featuring Nelly, "Cruise"
Најдобар машки изведувач - поп/рок - Џастин Тимберлејк
Најдобар женски изведувач - поп/рок - Тејлор Сфивт
Најдобар бенд, дуо или група - поп/рок - One Direction
Најдобар албум - поп/рок - One Direction "Take me home"
Најдобар машки кантри артист - Лук Брајан
Најдобар женски кантри артист - Тејлор Сфивт
Најдобар кантри бенд, дуо или група - Лејди Антебелум
Најдобар кантри албум - Тејлор Сфивт - „Red“
Најдобар артист - рап/хип-хоп - Macklemore & Ryan Lewis
Најдобар албум - рап/хип -хоп - Macklemore & Ryan Lewis, "The Heist"
Најдобар машки изведувач - Соул и ар-ен-би - Џастин Тимберлејк
Најдобар женски изведувач - Соул и ар-ен-би - Ријана
Најдобар албум - соул и ар-ен-би - Џастин Тимберлејк "The 20/20 Experience"
Најдобар изведувач - алтернативен рок - Imagine Dragons
Најдобар латино изведувач - Марк Ентони
Најдобар изведувал - електронска-денс музика - Avicii
Најдобар изведувач - Adult Contemporary - Maroon 5
Најдобар изведувач - Contemporary inspirational - Метју Вест
Најдобар саундтрак - "Pitch Perfect"