Коко Роча елегантна за Еlle

5 јуни 2013

Канадскиот модел Коко Роча се сликаше за насловната на jунското издание на мексичкиот Elle. Грациозна и елегантна, со совршено стилизирана силуета во одбирањето на дизајните, за кои се погрижи Натали Џос. Острото око и објективот на веќе докажаниот Сантијаго Русењор само го засилија интензитетот на оваа совршена фотосесија. Шминката и косата се дело на Елиза Фловерс.

 

 

Објавено:
5 јуни 2013
Категорија: 
Актуел