Кралското семејство го означи стартот на „Tour de France“

7 јули 2014

Се чини дека војводката од Кембриџ, Кејт Мидлтон е посебно голем обожавател на спортот. Пред само неколку дена со голема возбуда го гледаше натпреварот на Вимблдон, навивајќи за Енди Мареј, а веќе следниот ден заедно со својот сопруг принцот Вилијам и неговиот брат принцот Хари заминаа да ја пресечат лентата и официјално да го означат стартот на сто и првата велосипедската трка „Tour de France“,која ќе трае 21 ден.

Ова е четврти пат по ред како популарниот турнир стартува во Велика Британија. Велосипедската трка ќе се одржи во неколку англиски градови: Лидс, Харогејт, Јорк, Шефилд, Кембриџ и Лондон, за потоа учесниците да се преселат на улиците во Белгија. Финалниот турнир според традицијата ќе се одржи во Париз на познатата авенија Шанзелизе на 27-ми јули.

По само неколку часа од почетокот на трката веќе беше познат победникот на првата фаза на велосипедската трка. Станува збор за германецот Марсел Кител. Поради одличната спремност и победата Кител доби награда жолта маичка која е симбол на лидерот на трката и истата му беше врачена лично од принцезата Кејт Мидлтон.

Објавено:
7 јули 2014
Категорија: 
Актуел