Крвотокот на градот со нова модна ДНК

2 декември 2014

На 4 – ти декември со почеток во 21.00 часот во урбаното кафуле Љубов, Дани Ѓуровска и Александра Трпеска пред скопската публика ќе го претстават својот нов моден блог - Fashion DNA. Промоцијата ќе вклучува изложба на модни фотографии на Сара Коцевска и Никола Ѓаковски во соработка со дизајнерката на накит Еми Норис.

Изложбата е со наслов „Една поинаква DNA“, а целта е преку промоција на самиот блог да се даде посебен акцент за афирмација на блогерството како и кревање на свеста кај младите и јавноста за значењето на модните блогери кај нас и соработката помеѓу креативците во сферата на модата.

Објавено:
2 декември 2014
Категорија: 
Актуел