Летни попусти во Елена Лука – совршен избор на дизајнерски уникатни парчиња!

26 јуни 2019

Во реномираниот моден бренд Елена Лука, во тек е летен попуст на дизајнерски парчиња од претходни уникатни колекции, со попусти до 70%.

Сега е вистинско време да го освежите вашиот имиџ со автентично и авангардно парче со потписот на Елена Лука и да му дадете особен шарм на вашиот летен стил.

Во беспрекорниот избор ќе најдете уникати со различна естетика, а за кои заеднички е изборот на висококвалитетни материјали како и перфектно изработените кроеви и детали.

За дизајнот на Елена Лука секогаш е препознатлива уникатната рачна изработка што со себе го носи неповторливиот стилски печат на брендот, па токму таквиот препознатлив белег е имплементиран и во овие ексклузивни аутфити.

Коктел фустани, свечени креации, деловни комплети, уникатни здолништа со впечатливи дезени и принтови, романтични кошули, елегантни комбинезони и панталони, се само дел од богатата понуда.

Тимот на Елена Лука Ве очекува на летен шопинг.

 

Објавено:
26 јуни 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
633 пати