Лила магична во ЕЛЕНА ЛУКА на Макфест!

23 октомври 2022

Вистинска модна магија вечерва донесе Лила на сцената на Макфест, во смарагдно зелен раскош зад кој се потпишува етаблираниот моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА.

Гламур каков што Макфест со неговото речиси четиридецениско реноме заслужува, еднаков на оној од светската модна сцена.

Лила се појави како еден од презентерите-гости на фестивалот и прикажа како изгледа еден комплетно осмислен сценски изглед, концепт по кој партнерството ЕЛЕНА ЛУКА-Лила стана препознатливо, а се должи на сериозна професионалност на која ние многупати сме посведочиле.

„Вака изгледам благодарение на ЕЛЕНА ЛУКА и нашето долгогодишно пријателство", одговори Лила на комплиментите.

Елегантен, со совршено дозирана екстравагантност, фустан со смарагден сјај и атрактивен крој – за совршен впечаток на фестивалската сцена.

Приликата ја искористивме да ја прашаме Лила и како лично го доживува Макфест:

-Макфест е фестивал на мојата рана младост. Ова го кажувам искрено од срце, тоа е една голема вистина и драго ми е што на овој начин можам да учествувам да се потсетам на некои убави времиња. Можеби најубавите македонски поп песни кои јас ги сакам, се излезени токму од Макфест и слободно можам да кажам еден од моите омилени фестивали", изјави Лила.

Вечерва се одржа втората фестивалска вечер на сцената на културниот дом „Ацо Шопов" во Штип, со што се заокружи 37-то издание на Макфест.

Објавено:
23 октомври 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
10.484 пати