Лондон: Мажи, ставете кеса на глава

12 јануари 2015

Манекени со кеси на глава прошетаа по лондонската писта на актуелната модна недела за машка мода. Покрај актуелните парчиња како комбинезони и широки транспарентни панталони, големо внимание привлече и комбинацијата на кеса на глава со парчиња облека со натписи, меѓу кои Broke, Broken, Save me, Thanks 4 Nothing’.

Вака дизајнерот Кристофер Шенон го замисли актуелниот тренд кај мажите, а за да можат да се движат, на најлонските кеси е направен отвор во пределот на очите. Исто така, забележано е и присуство на пеплум.

Што е целта?

-Во врска со пеплумите со линии, тоа е всушност, горниот дел од боксерките. Преставува нов начин на облекување, нов „уличен код“. Целта е  да ги „скршам“ досегашните, традиционални видувања на трендовите и да се обидам да пронајдам нова линија кога е спортската облека во прашање, бидејќи тоа е и работата на дизајнерите, нели? Јас мислам дека тоа ми е работата, покрај тоа што морам да плаќам сметки! – директен е дизајнерот од Ливерпул.

Имајќи ги предвид смелите модни изрази во текот на изминатите три дена, веруваме дека многумина ќе се согласат со него, но има и такви кои што сметаат дека овој начин на презентирање на машката мода, односно мажи е неатрактивен и ги прикажува мажите на еден немажествен начин. Инаку, модната недела во Лондон, завршува денеска.

Објавено:
12 јануари 2015
Категорија: 
Актуел