Таа е дефинитивно една од најдобрите пејачки кои било кога се појавиле на сцената, но и жена со истенчен вкус кога е стилот во прашање.

Лорин Хил беше ѕвезда на вечерта на лансирањето на долгоочекуваното арапско издание на магазинот Вог кое се одржа во Музејот на исламски уметности во Доха, Катар.

Музичката ѕвезда се појави во фантастичен Гучи мантил во комбинација со црно плисирано здолниште, кошула и впечатлива шапка на Хајди Ли.

Покрај неа, вистинска ѕвезда вечерта беше принцезата и уредничка на магазинот Дина Абдулазиз која овој пат одбра впечатлива црвена креација на Зак Посен во која вистински блескаше.

Сосема очекувано, на забавата за лансирањето на првиот број на магазинот се појавија голем број ѕвезди меѓу кои и Наоми Кемпбел, Софија Ричи, Изабел Гилар, Питер Дандас, Максвел, Сузи Менкес и уште многу други познати имиња.

Првата дама на магазинот, принцезата Дина ќе каже дека ова е остварување на нејзиниот сон во кој вложила многу енергија и средства и за кој конечно може да каже дека е целосен.

Бројните дизајнери кои беа дел од свечената вечера и забава во Доха, ќе кажат дека конечно и овој дел од светот доби глас.

Тие посочуваат дека лансирањето на арапскиот Вог е голем чекор напред во модата, но и за жените воопшто.

Објавено:
11 април 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
72 пати