Лубутан и Дита вон Тис во сексапилна модна мисија

12 декември 2014

Дизајнерот на чевли Кристијан Лубутан и пин – ап ѕвездата Дита вон Тис, решија да ги вкрстат своите таленти и да креираат капсулна колекција на долна облека насловена „XXXtian“. Линијата вклучува градник, корсет на прерамки и жартели (подвезици), декорирани со „toile“ принт (француска ткаенина на принтање на платно), што Лубутан го  популаризираше пред некоја година, надополнети со цртежи од заводливите танцови точки на Тис во познатите кафези за птици.

Во однос на материјалите при изработката на моделите доминираат тантелата, свилата и сатенот во комбинација со панделки главно во црно-црвени нијанси кои се заштитен печат на легендарните салонки на дизајнерот за чевли.

Што се однесува до името на колекцијата, тоа доаѓа од потписот на е – поштата на Лубутан -  „Xtian“, кој пак во фоцијалната изјава за WWD,  додаде дека неколкуте X – букви се во улога на засилувачи на сексапил. Дита вон Тис и дизајнерот на чевли Лубутан се долгогодишни соработници, а старлетата скоро и да не се дели од своите омилени модели чевли потпишани од креаторот и редовно ги носи и на своите настапи. Дизајнерот има направено дури и неколку модели чевли специјално за танцувачките точки на Тис.

Дами ова е одлична можност да ја збогатите вашата колекција на долна облека со некое од овие сексапилни парчиња и да го заведете партнерот, особено во овој празничен период.

Објавено:
12 декември 2014
Категорија: 
Актуел