Магично божиќно патување на излогот на Принтемпс

12 ноември 2014

Секоја година светските познати модни куќи и брендови ги презентираат своите магични божиќни излози. Париски Принтемпс оваа година заблеска во дизајн на Барбери.

Со двете најпознати британски манекенки Кара Делевињ и Кејт Мос, Принтемпс ги запали новогодишните ламбички потсетувајќи не по кој знае кој пат зошто и понатаму е една од омилените париски стоковни куќи. Минатата година за визуелниот дизајн на излогот беше задолжена модната куќа Прада, а за да се збогуваме со стил со 2014 година ќе ни помогне шармот на брендот Барбери под диригентската палка на Кристофер Бејл.

Темата е „Магично божиќно патување“ низ кое не води едно мало момче чија фантазија му овозможува да ги посети волшепствата на Париз и Лондон за време на божиќните празници. Секој изглед е декориран со посебна тема и има свои реквизити, украси и детали за веродостојно да се прикаже празничниот дух и енергија кои владеат низ градските улици за време на Божиќ. Патувањето на малото момче почнува од Бакингемската палата, кралската стража, Биг Бен, поминувајќи низ 11 знаменитости на градот, и на крај долетува во градот на светлината – Париз. Со чадор во едната рака и мече во другата, слаткото детенце е облечено во култниот Барбери балонер и шал со популарниот принт на брендот и на еден детски и невин начин се обидува да ја долови Божиќната магија.

преземено од buro247.hr
Објавено:
12 ноември 2014
Категорија: 
Актуел