Нашата претставничка, Евгенија Ризова од Скопје ја освои титулата „Мис Медитеран“, на одржаниот избор за убавина викендов во Кирења, Кипар.
Шеснаесетгодишната скопјанка успеа да се издвои од останатите учеснички и да ја биде прогласена за најубава девојка на Медитеранот. Тутулата Прва придружничка ѝ припадна на Италијанката Ракел Домингос, додека Втората придружничка е исто така од Македонија, 18-годишната Ивана Ѓеорѓиевска.
Македонија имаше уште две претставнички, кои исто така успеаја да освојат титули.
Кумановката Ангела Спасовска (18) беше прогласена за „Miss Elegance“ додека Катерина Бошковска (19) од Скопје е „Miss Personality“.
Изборот е одржан во хотелот „Мерит Ројал Премиум“, каде претставничките од медитеранските држави престојуваа и се подготвуваа седум дена за големото финале, одржано во саботата вечер.
Сите наши претставнички се членки на модното студио „Црнокрак“, кое ја поседува лиценцата за Македонија за овој интернационален избор за убавина, што се одржува од 2004 година, во организација на „AYA Production“ од Бејрут.