Манекенката Надица Димковска во трка за титулата Miss Globe во Албанија

8 ноември 2014

Големото финале на изборот за Miss Globe 2014 ќе се одржи вечерва во Скадар-Албанија. Наша претставничка е 19 годишната Надица Димковска, која во месец август годинава победи на изборот за Мис на Македонија 2014 за Miss Globe. Таа заедно со тимот на модното студио Црнокрак, кое ја има лиценцата за овој избор, со повеќе од 50 девојки од исто толку држави од целиот свет, се наоѓа веќе две недели во Албанија. Периодот беше резервиран за подготовки за големото финале што се одржува вечерва во Палатата на спортовите во Скадар.

Инаку, Miss Globe е еден од најстарите и најпрестижни избори за убавина во светот, а ова е негово 41. Издание. Првото во 70-тите се одржуваше во Америка, потоа во Кина и Турција, а последните единаесет години се одржува во Албанија.

Црнокрак, лиценцата ја поседува уште од 1997 година, кога за прв пат во Истамбул, нашата земја ја претставуваше Симона Станковска.Годинешната претставничка Надица имаше интензивни двомесечни подготовки, а на сцена ќе се појави во креации на Ива Спасовска.

 

Објавено:
8 ноември 2014
Категорија: 
Актуел