Маноло Бланик оди и на модната недела во Њујорк

9 јануари 2014

manolo_blahnik_0

Маноло Бланик ќе се претстави и за време на модната недела во Њујорк. Него и неговите модели ги видовме и на лондонската модна недела,каде дебитираше и каде тој направи свое посебно шоу, во посебен ден.

Шоуто ќе се одржи на 9-ти февруари , а ќе вклучува и краток филм во кој ќе го видиме Руперт Еверет.

„Минатата сезона презентацијата во Лондон беше експеримент за нас и никогаш не сме биле на распоред претходно. Добивме позитивен одговор, па оваа сезона се одлучивме да му дадеме шанса и на Њујорк и да создадеме можност и тамошната публика да се запознае мојата работа и имагинација. Следната сезона ќе размислиме и за друг град - кој знае? Сакам директно да комуницирам во однос на тоа што го работам и го презентирам пред луѓето во различни градови“, вели Маноло.

Сепак, учеството во Њујорк не значи дека Лондон го напушта:

„Го обожувам Лондон, тоа е мојот дом. Не го напуштам и дефинитивно ќе му се вратам во иднина“, вели познатиот дизајнер на обувки.

А во продолжение погледнете дел од моделите на чевлите од колекцијата пролет-лето 2014.

manolo 16

manolo 17

manolo 18

manolo 19

manolo 20

Објавено:
9 јануари 2014
Категорија: 
Актуел