Марк Џејкобс се извини за нео-нацистичкиот принт на маички

13 септември 2013

Дизајнерот Марк Џејкобс се извини и ги повлече од продажба маичките што во предниот дел имаа апликација која наликува на логото од албум на нео –нацистичкиот бенд  „Screwdriver's“. Апликацијата со чизми е речиси идентична со онаа на бендот, а како лого на албум е ставена уште од 1987 година.

Лицето задолжено за јавност на познатиот бренд вели дека ги отстраниле сите маички од продавниците а дале наредба истото да го направат и останатите нивни застапници или малопродажни партнери. Ова не е прв пат Џејкобс да предизвика контроверзии, во 2011 година рекламната кампања за неговиот парфем Дакота Фенинг се сметаше за неодговорна и премногу сексуално провокативна. Оваа година пак, продавницата во Џејкобс во Париз беше нападната од уметник на графити кој комплетно го исцрта излогот.

 

Објавено:
13 септември 2013
Категорија: 
Актуел