Маркеса ќе ја прикаже пролетната колекција на модната недела во Лондон

29 мај 2014

Односно наместо да одржат ревија во септември во Њујорк, дизајнерите Џорџина Чапман и Керен Крег ќе се претстават со пролетната колекција на модната недела во Лондон. Причината за таквиот чекор е што британските дизајнери на овој начин сакаат да ја прослават 10 годишнината во бизнисот.

„Зборувавме со водечките лица на британскиот моден совет бидејќи сметавме дека ова е вистинскиот начин да ја прославиме 10 годишнината“ – изјавила Чапман, а Крег додала – „По завршувањето на прославата, во февруари се враќаме на модната недела во Њујорк“.

Датата и точното време сеуште не се потврдени, но дизајнерките се среќни што нивните роднини и пријатели ќе може со нив да ја прослават годишнината од креативната работа.

Објавено:
29 мај 2014
Категорија: 
Актуел