Марко Ѕанини го напушта Скјапарели?

3 ноември 2014

Се чини промената на внатрешната стратегија во поглед на креативните директори во модниот свет почна да станува тренд. После позитивните модни турбуленции кои се случија во дизајнерските тимови на модните куќи Карвен, Нина Ричи и Оскар де ла Рента, во модните кругови се шират гласини дека Марко Ѕанини ја напушта функцијата креативен директор во Скјапарели.

Извори блиски до етикетата велат дека италијанскиот дизајнер не е задоволен од повторно лансираниот бренд и размислува да замине, бидејќи брендот „не е негова лига“.

Ѕанини ја презентираше својата прва prêt-à-couture колекција за етикетата во јули за време на Paris Couture Week.  Италијанскиот дизајнер се приклучи кон модното семејство Скјапарели во септември минатата година, а неговото место во модната куќа Рошас му беше доделено на дизајнерот Александро дел Аква.

Како ќе се одвиваат работите во иднина останува да видиме.

 

Објавено:
3 ноември 2014
Категорија: 
Актуел