Мет Гала 2019: Кој и зошто не дојде, за струкот на Ким и најсмешните мемиња

8 мај 2019

Годинашната Мет гала привлече големо внимание поради темата, ама и интерпретациите на истата од страна на познатите личности.

Така, освен за креациите многу се зборуваше и за струкот на Ким Кардашијан, за гостите кои сите очекуваа да ги видат, но и за најсмешните мемиња, инспирирани од модниот избор на гостите.

Одиме по ред:

Дилема: Струкот на Ким - оптичка илузија, резултат на вадење ребро или чиста вистина?

Старлетата се појави во фустан иснпириран од изгледот на Софија Лорен во филмот „Boy on a Dolphin“, а го изработи Тери Муглер, нарекувајќи го „фустан-капка“. Воедно, ова е прват после 20 години, господинот Муглер лично да дизајнира креација за некого. Имено, за да се долови ефектот на мокар фустан, дизајнерот се послужил со скапоцени камења, поточно дијаманти, а резултатот беше навистина ефектен. Но, освен неговата работа, фокусот како што веќе спомнавме, беше ставен на фигурата на Кардашијан. Многумина се прашуваа што се случило со ријалити ѕвездата, која никогаш не изгледала послабо и со потенка половина. Во медиумите се појавија гласини дека таков ефект може да се постигне само со вадење ребра, додека пак другите сметаа дека е оптичка илузија. Гласините толку се раширија, што на крајот се огласи и личниот тренер на Ким, Мелиса Алкантара која вели>

„Да ја разјасниме работава:

1. Фустанот е со корсет НО...

2. Ким тренира 6 дена во неделата, се буди многу рано наутро и е посветена

3. Го поставив патот за неа, но таа го изоде и ја заврши работата! И најважно - Воопшто не ми е гајле за вашите мислења околу нејзиното тело, дали мислите дека е лажно или не! Ја гледам секое утро, ја гледам како тренира и ја гледам како се поти, исто така ја гледам и работата што ја прави надвор од салата за вежбање и тоа може е вредно за пофалба!“.

Дали ќе ѝ верувате, оставаме на вас.

 

 Кој не дојде и зошто?

Ријана е кралица на Мет галата. Со своите модни избор и совршено интерпретирање на темите, сосема го заслужи овој епитет, но годинава не ја видовме. Ниту пак Бијонсе, Блејк Лајвли, Сара Џесика Паркер, Џенифер Лоренс, Емилија Кларк и Бредли Купер кои годинава беа ултра популарни, потоа и Џастин Бибер, Мадона, Селена Гомез, Амал и Џорџ Клуни и други...  

Ако некој добие покана за Мет гала не смее да ја одбие, во спротивно никогаш повеќе нема да биде повикан. Ова е непишано правило од Ана Винтур. Можноста да ја одбијат поканата бидејќи не се во можност да присуствуваат или темата не им се допаѓа, ја имаат само ѕвездите од А-листата, а во неа се секако Ријана и Бијонсе.

Најсмешните мемиња

И секако, како и секоја година, креациите предизвикаа и креативност на социјалните мрежи. Овде не би зборувале многу, ќе ве оставиме само слатко да се насмеете:

 

Објавено:
8 мај 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
24.446 пати
Тагови: 
Мет Гала 2019