Во рамки на прославата на Денот на основање на Технолошко-металиршкиот факултет, на 19-ти јуни, ќе се одржи традиционалната модна ревија на студентите од студиската програма Дизајн и инеженеринг на облека.
Под менторство на професорката и дизајнерка Лидија Георгиева, годинава студентите работеа на тема Метаморфоза. Почесен гостин на ревијата ќе биде Амбасадорот на Република Франција, Неговата Екселенција господинот Кристиан Тимоние, кој како резултат на започнатата соработка помеѓу Францускиот Институт и Технолошко-Металуршкиот факултет, ќе додели 3 наградни патувања за најдобрите студенти од институтот за дизајн и инженеринг на облеката при факултетот.
Од идеја за кожурец како прва фаза од развој на пеперутка, преку трансформација и симулација, после привот стадиум - изложба на модниот викенд во Скопје во салонот на Порше, следува ревијата во просториите на факултетот.
Втората фаза на 19-ти јуни ќе ја означи креативната интерпретација на темата метаморфоза која ќе биде проследена и со третата фаза, повторно учевство на модниот викенд во октомври овојпат со ревијален дел, каде ќе биде заокружен целиот метаморфозичен процес кој претрпел "мутација" низ трите фази.