Миди и макси летни фустани за вашиот деловен стил

6 јули 2017

Фустаните со соодветен крој и должина, се секогаш добредојдена варијанта во нашиот деловен имиџ, особено во летниот период.

Asos

Кога зборуваме за соодветна должина, мислиме на пристојна миди или макси варијанта, а кога зборуваме за крој, посочуваме пред се на линија која нема да ни го попречува слободното движење и функционирање во текот на динамичниот работен ден. Тоа не ја исклучува можноста да одбереме фустан што ја следи линијата на телото, но тука клучна улога игра и материјалот од кој ќе биде изработен, а ќе ни овозможи пријатно и удобно чувство.

Mango

Земајќи ги в предвид сите овие посакувани карактеристики на идеалниот „деловен" фустан, актуелната сезона во модниот свет ни е навистина наклонета. Изборот на фустани соодветни за на работа, е во најмала рака инспиративен.

Weekend Max Mara

Од едноставни минималистички фустани до такви со ненаметлив принт со романтичен предзнак или пак фустани со врзување околу струкот во интензивни бои – има што да избираме...

Closet_London_Asos

lemaire_need_supply

Liqourish_Asos

Mango

Mango

Mango

Max_Mara_net-a-porter

Selected_Asos

Uterque

Asos

Weekend Max Mara

Weekend Max Mara

 

Објавено:
6 јули 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.234 пати