Новата кампања на брендот „Миу Миу“ за есен-зима 2016 година е снимена на имотот „Хаутон хол“ во Англија, а меѓу седумте амбасадорки се најде и актерката Аманда Сејфрид.
Заедно со неа на фотографиите, зад кои се потпишува Аласдаир Меклејн, се појавуваат познатите топ модели Ана Еверс, Даша Догушева, Дила Мартинс, Џени Ховорт, Мајова Николас и Тејлор Хил.
Интересно е тоа што кампањата е претставена во форма на колажи составени од комбинација на портрети, модни фотографии и документарни фотографии. Ова совршено се совпаѓа со естетиката на есенската колекција на модната куќа, каде донираат ретро парчиња, голи раменици и мноштво принтови.
Всушност, една од замислите е преку овие фотографии да се претстави и животот на младите богати наследнички на големите британски имоти, кои играат поло во друштво на своите слугинки.
Инаку, ова е прв голем ангажман на Сејфрид во модната индустрија, иако не е прво запознавање на актерката со брендот. Во 2013 година актерката се појави на ревијата на „Миу Миу“ во Париз во нивна креација, црвен костим со панталони.
Погледнете: