Модел со Даунов Синдром е првиот што позирал за „Гучи Бјути“

1 јули 2020

Ели Голдштејн е името на моделот со Даунов Синдром и новото водечко лице за најновата кампања на „Гучи Бјути".

Таа ќе се најде на страниците на „Вог Италија" подоцна месецов, како дел од специјален едиторијал на козметичката линија на „Гучи".

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Gucci (@gucci) onJun 18, 2020 at 1:58pm PDT

Новите фотографии се резултат на соработката помеѓу „Гучи" и италијанската верзија на магазинот, а на нив 18-годишната Голдштајн ја презентира луксузната маскара „L'Obscur".

Инаку, младата Ели е од Британија и ја застапува „Zebedee Management", специјална агенција која работи и застапува луѓе со попреченост, односно инвалидитет, алтернативни настапи и оние кое се идентификуваат како трансродови.

Нејзините први фотографии на Инстаграм профилот на „Гучи“ се лајкувани досега преку 800.000 пати, а таа за британските медиуми изјави дека е „многу горда на снимањето и кампањата“.

Инаку, ова не е нејзин прв ангажман од ваков тип. Таа веќе работела кампањи за „Супердраг“, „Најк“ и „Водафон“.

Браво!

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Gucci Beauty (@guccibeauty) onJun 18, 2020 at 12:53pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Gucci Beauty (@guccibeauty) onJun 18, 2020 at 6:13am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Gucci Beauty (@guccibeauty) onJun 16, 2020 at 1:00pm PDT

Објавено:
1 јули 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
749 пати