Тамара Еклстон е ќерка на поранешниот изврешен директор на Формула 1, Берни Еклстон чие богатство се проценува на 2,5 милијарди фунти. Тамара како наследничка на својата сметка има 232 милиони фунти. Во моментов е актуелна затоа што снима реално шоу заедно со нејзиниот сопруг Џеј Ротланд и нивната тригодишна ќерка Софија.
За магазинот „Мари Клер“ ќе го покаже својот моден плакар кој брои 95 клач чанти, од кои 47 „Шанел“, 15 „Еди Паркер“, 33 „Џими Чу“. Додадете на тоа и 37 чифта „Шанел“ еспедрили, 81 чифта „Викторија Сикрет“ пижами, 72 очила од скоро сите дизајнери и секако 22 чифта „Гучи“ крзнените папучи.
За својата венчавка ќе потроши 7 милиони фунти, од кои на Мараја Кери хонорарот за свадбата ѝ бил 2,5 милиони долари.
Таа самата вели дека нејзиниот плакар чини 5 милиони фунти во моментов. Но, и покрај гламурозниот стил, начин на живеење таа вели дека сè уште го слуша татко ѝ Берни.
„Секогаш кога склучуваш било каков договор за бизнис, прашај за попуст, не ја плаќај веднаш цената која е наведена“.
Нејзин стилист е Луси Пакман која е позната во светот на шоу бизнисот. Вели дека без неа не оди на шопинг.
За крај, куќата во која живее со сопругот и ќерката е проценета на 70 милиони фунти.
Доволно бројки за денес, Тамара очигледно знае како да ги троши!