Модна соработка на Пол Смит и легендарните Led Zeppelin

13 октомври 2014

Соработките на модните дизајнери со музичките ѕвезди е навистина честа појава во рамките на модниот шоу – бизнис. Она што можеби ќе ги изненади многумина е неодамнешното здружување на британскиот моден дизајнер Пол Смит со легендарните Led Zeppelin. Обединувањето на заедничката креативна енергија резултираше со создавање на нова колекција марами чии дезени се инспирирани од фотографиите на албумите кои ги има издадено групата.

Самата идеја за модна соработка со легендарниот рок бенд  Led Zeppelin кој се распадна во 1980 години се чини малку чудна и невозможна, но сепак остварлива. Имено, соработката на музичарите и британскиот креатор резултираше со колекција на шест свилени марами инспирирани и изработени од шесте култни омоти на албуми на музичката група. Секој од албумите претставува посебна уметност, која дизајнерот успеа да ја имплементира преку свилата и да изработи вистински трајно ремек дело.

Колекцијата марами ќе биде пуштена во продажна на 23 октомври, но во ограничен број од само 50 примероци. Ќе се продаваат во Лондон во продавницата на Пол Смит, но ќе можат да се купат и онлајн.

Објавено:
13 октомври 2014
Категорија: 
Актуел