На Fenty му дојде крајот: Ријана го затвори својот моден бренд

11 февруари 2021

Само две години од основањето на брендот за секојдневна гардероба Fenty, Ријана ќе мора да се збогува со своето модно првенче.

Модниот гигант LVMH кој стоеше зад оваа идеја, по долго размислување реши да го затвори брендот. И покрај затворањето на Fenty, луксузната групација и понатаму ќе продолжи да ги поддржува Fenty Beauty и Fenty Skin линиите, како и Savage x Fenty, линијата за долна облека. 

Веројатно за пејачката ова е големо разочарување, бидејќи не е една од оние кои дозволуваат користење на нивното име, без никаков интерес во работата.Во едно интервју за Вог, Рири изјави дека ја знае приказната на секое парче во линијата и дека секое парче би го носела, во спротивно не го одобрува неговото излегување.

Иако брендот добро помина на американскиот пазар, не може да се пофали со среќни бројки и во Европа. Освен тоа, пандемијата си го направи па голем дел од минатата година, Ријана беше отсечена од ателјето во Париз и производителите во Италија.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by FEИTY (@fenty)

Фановите можеа да забележат и декс последниот пост на Инстаграм профилот на брендот беше ставен на 1 јануари. 

Иако навидум не изгледаше така, изгледа дека брендот не успеа да ги исполни високите очекувања на групацијата, особено во овие тешки времиња. 

Објавено:
11 февруари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
603 пати
Тагови: 
Fenty