Изложба за Грејс Кели
Моментите од нејзината филмска кариера, фотографии од приватниот живот, како и преглед на нејзиниот вкус кон модата, вклучувајќи го и омилениот фустан од Сен Лоран како и чантата од Хермес Кели именувана по неа, исто така ќе бидат изложени во Michener Art музејот во Филаделфија од 28-ми октомври до 26-ти јануари 2014 год.
Изложба -безвременски музи на Луј Витон
Кетрин Денев, Кејт Мос и Софија Копола се само половина од музите на Луј Виотн.Оваа изложба ќе биде фокусирана на жената што ги помести границите во модата. Гостите задолжително ќе носат маски со специјално поларизирани леќи. Изложбата е закажана набрзо за 29-ти август во Токио-Јапонија.
Изложба на Кристијан Лубутан
Оваа изложба е веќе во тек. Изложени се сите колекции на обувки од познатиот дизајнер Лубутан, местото на одржување е Design Exchange, а ќе трае се до 15-ти септември.
Изложба на фустанот од крунисувањето на Кралицата Елизабета
Меѓу позначајните изложби е онаа во Бекингамската палата која почна од 27-ми јули а ќе трае се до 29-ти септември. Во изложбата е вклучен само фустанот од крунисувањето на Кралицата Елизабета, а за негова изработка се потрошени 3500 часа.
Изложба на лондонската мода од 80-те
Локација е музејот „Викторија и Алберт“ во Лондон, изложбата започна од 10-ти јули и ќе трае до 16-ти февруари 2014 година. Изложени се 85 значајни фустани што ја обележуваат модата во 80-те во Лондон.
Изложба-Шапкологија
Место на одржување- Милано Италија во рамките на модната недела, а во фокусот се шапките на модната икона Ана Пјаџи. Изложбата се отвора на 22-ри септември.