Во април минатата година, три девојчиња болни од ретки форми на рак, заедно се фотографираа за фотографката Лора Скантлинг. Нивната емотивна фотографија експресно го заобиколи светот, упатувајќи моќна порака: не постојат невозможни работи кога сме заедно!
После една година тие го потврдија тоа! Риен Френклин, Ејнсли Питерс и Рајли Хјуи (7, 5 и 4 години), откако минатата година ја направија магичната фотографија, станаа блиски пријателки за време на нивниот медицински третман и после една година со уште поведри насмевки и во истиот состав, направија нови фотографии кои се вистинска дефиниција за живот и радост.
„Првите фотографии направени пред една година, ја портретираа нивната потреба да бидат тука една за друга во најтешката борба, а овој пат сакав да прикажам дека нивната врска е се’ уште силна и дека тие успеаа заедно“, вели Скантлинг за today.com.
Овие храбри девојчиња, најмалку што заслужуваат се овие вонсериски фотографии кои сведочат за суштината на животот.